Средба на Димитриевски со претставници од ОФС Куманово
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски оствари средба со делегација од Општински фудбалски сојуз Куманово.
На средбата претставниците од ОФС Куманово изразија благодарност од име на сите општински клубови за поддршката која ја добиваат од Општина Куманово. На средбата се разговараше за нови значајни проекти за развој на фудбалот во Куманово.