Средношколци се тестираа за американска стипендија

Во техничкото училиште „Наце Буѓони“ 134 ученици се тестираа  за добивање на средношколска американска стипендија од програмата „Јес“ администрирана од невладината организација „Американски совети“ во спонзорство на Владата на САД.  За стипендијата можат да аплицираат учениците од прва и втора година, а резултатите од тестирањето ќе бидат објавени во април. Околу 18 ученици од земјава ќе имаа можност  следната учебна година да ја поминат во Америка сместени во американско семејство.

-Семејствата не добиваат никаков надомест ги земаат затоа што сакаат да ја запознаат македонската култура и да ја споделат американската. Стипендијата го покрива целиот престој од авионска карта, па се до потребни средства за лична хигиена вели,Симона Ристовска од невладината организација „Американски совети“.

За добивање на американска стипендија можат да аплицираат и учениците со посебни потреби. Од техничкото училиште „Наце Буѓони“ објаснуваат дека контактирале со другите училишта и ја проследиле програмата за тестирање до учениците.

-Ние сме организатори, подготвивме училници и ја споделивме информацијата, имаше голем интерес оваа година повеќе од лани. До сега од 2009 па наваму имаме 80 ученика кои што отишле во САД, вели Ивана Цветковиќ, наставник по англиски јазик во во „Наце Буѓони“.

Тестирањето се спроведува во три дела ,првиот е дваесет минутен тест на заокружување со општи прашања на англиски јазик , вториот се состои од  есеј прашања,а третиот дел е разговор со апликантот. Освен во Куманово центри за тестирање има и во Скопје, Струга и Штип. Од „Американски совети“ објаснуваат дека за стипендијата во просек се пријавуваат од 400 до 800 ученици,  а само 4 посто од нив имаат шанса да продолжат понатаму.

Коментари

коментар(и)