Српски државјанин приведен заради агресивно однесување кон полицајци
Триесет и деветгодишен државјанин на Србија завчера бил приведен на граничниот премин Табановце поради агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, претходно на граничниот премин со патничко возило „нисан“ со српски национални ознаки поминал на лентата за автобуси и не застанал на пасошка контрола.
– Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението на МВР.