Стечајците поднесуваат барања за материјално обезбедување

Околу 1200 невработени лица на кои работниот однос им престанал по основ на стечај, ликвидација или поради  структурални и деловни промени, можат да поднесат барања во центарот за вработување согласно Законот за материјално обезбедување . Решенија за материјално обезбедување во износ од 7590 денари ќе добијат само оние кои што ги исполнуваат сите услови предвидени со законот.

-Рокот за поднесување на барања согласно Законот за материјално обезбедување на невработени лица е една година од денот на објавување во Службениот весник, значи до 19.09.2018 година невработените можат да поднесат барања. Сите што ќе бидат изработени решенија колку дена имаат од септември ќе бидат исплатени меѓутоа и да не бидат опфатени со исплатата во октомври, ќе бидат опфатени во ноември со тоа што деновите и од септември и од октомври ќе им бидат исплатени со тоа што странките нема да бидат оштетени, изјави Марија Димитријевска, в.д. раководител на Центар за вработување, Куманово

Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна државна сопственост е објавен во Службен весник на РМ на 20 септември.

Коментари

коментар(и)