Стечајците поднесуваат евидентен лист за стаж

Приближно 800-тини стечајни работници  од  Куманово, Липково и Старо Нагоричане, членови на здружението  „УНИТ“ можат да достават евидентен лист за остварениот стаж во една од поранешните кумановски компании за да ги користат поволностите од предлог-законот за  материјално обезбедување на стечајци што неодамна го усвои Владата и е веќе во собраниска процедура.  Овие списоци на запишани лица ќе бидат доставени во Министерството за труд и социјална политика, каде ќе се изврши проверка на доставените податоци“,информира  Лилјана Георгиевска од  здружението „УНИТ“. Таа е задоволна од средбата остварена со премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика на која што биле дискутирани опфатот и условите што ги предвидува Предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата со цел точно информирање на сите граѓани кои имаат основ да го остварат ова законско право.

-Успеавме да направиме еден исклучок со амандман да го продолжиме ова, наместо до 31 декември 2016, направивме да биде до 01 јули 2017 година  за да се опфатат луѓе од ФЗЦ , ЕМО  и ОХИС од Охрид.  Запишуваме членови да ја утврдиме точната бројка со што по Нова година ќе се поднесе предлог- закон. Ние ќе поднесеме уште еден предлог -закон или Владата ќе поднесе  за предвремено пензионирање, кои што до навршување на годините ќе земаат 10 проценти помалку од пензијата , кога ќе ги наполнат годините ќе земаат полна пензија, изјави Лилјана Георгиевска, здружение „Унит“

Со ова законско решение се дава можност за материјално обезбедување на поголем број стечајни работници.

Според проценките на ресорното министерство, на ниво на државата се очекува  да бидат опфатени околу 3000 лица, кои ќе добиваат 7.596 денари месечно, за што се обезбедени средства во Буџетот.

До денот на  влегувањето во сила на овој закон лицето треба да е на возраст од  најмалку 52 години за жена односно 55 години за маж.

Како што инфомираат од УНИТ договорено е да продолжи директната комуникацијата со претседателот на Владата, Заев, со министерката Царовска и со Министертсвото за труд и социјална политика, со цел да им се помогне на стечајните работници да го остварат своето законско право. За да им се овозможи на работниците да ја комплетираат потребната документација, Владата во законското решение предвидува рок од една година во којшто тие ќе можат да го остварат законското право.

Коментари

коментар(и)