Стотина санкционирани возачи во Куманово

Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Куманово изречени се вкупно 131 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 25 санкции за возење под дејство на алкохол, 6 мерки за возење без возачка дозвола.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

 

Коментари

коментар(и)