Најголем дел од барањата на жителите за депонијата Краста се реализирани, информираше денеска директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Ненад Стојановски. Во фаза е поставувањето на ограда, а ќе биде поставен и видео надзор, посочува Стојановски. Повеќе од половина од депонијата е изгасена, а чадот е стабилизиран. Се очекува најдоцна во текот на утрешниот ден целосно да биде изгасен опожарениот смет.