Таравари: Денес ќе бидат испишани девет пациенти

Министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција соопшти во каква здравствена состојба се пациентите на клиниките во земјава и странство. За денеска најави враќање на осум пациенти од четири држави.

 „Денес ќе бидат испишани 9 пациенти, кои се во стабилна добра состојба и може да продолжат со домашно лекување. Утре ќе останат 15 пациенти од кои ќе видиме дали ќе има за испис. Вчера се вратија 5 пациенти кои се лекуваа надвор од државата, еден од Грција и 4 од Шпанија. Вкупно надвор од државата се лекуваат 108 пациенти. Денес е најавено враќање на 8 пациенти, по двајца од Белгија, Австрија, Турција и Хрватска. Имаме најави за повеќе пациенти кои следните денови ќе се враќаат“, рече на денешната прес- конференција министерот за здравство Арбен Таравари.