Таравари: Позитивната листа ќе биде проширена со девет нови лекови

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека има средства да се прошири позитивната листа со девет нови лекови, само се чека да се избере новиот Управен одбор на Фондот за здравствено осигрување.

– Управниот одбор се уште не е комплетиран. Инаку, од наша страна е испратено пред две недели со согласност од Фондот. Штом ќе има прва седница Управниот одбор на Фондот,  позитивната листа ќе ја промовираме заедно со директорот на Фондот за здравство, изјави Таравари на новинарски прашања по посетата на Детската клиника.

Според Таравари, не се спорни деветте лекови, тие се прифатени и нема да има некаква голема финансиска импликација, велејќи  дека по 14 или 15 години ќе биде проширена позитивната листа и дека до крајот на годината може ќе има дополнување од уште неколку лекови.

Коментари

коментар(и)