Таравари: Шеснаесет пациенти повредени во пожарот заминуваат на домашно лекување

-Добра вест е дека испишуваме 16 пациенти, по сите направени анализи. Тие дома ќе продолжат да се лекуваат, а 30 ќе останат во болниците во Скопје. Се подготвуваме за прием на пациентите што се лекуваат надвор од држвата. Надвор од Македонија се лекуваат 115 пациенти. Неделава очекуваме 8 пациенти од странство да се вратат, па да бидат примени прво на клиниките кај нас, тријажата ќе се направи од клиниката каде што е примен пациентот, па потоа ќе се испрати на Клиника каде што треба да се лекува. Сигурно минималниот престој ќе биде ден-два, за проверки, па потоа да бидат пуштени дома. Нема да оставиме ништо на случајноста. Во моментов 4 пациенти се во покритична состојба од тие што се лекуваат надвор од држвата. Да се надеваме дека нивната состојба ќе се подобри – рече Арбен Таравари, министер за здравство