Татко прободе син со остар предмет

Кумановец вчера бил приведен по семејна расправија, соопштија денеска надлежните.

Според СВР Куманово вчера околу 17 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле oд слобода 65-годишен кумановец под сомнение дека во семејниот дом, по претходна расправија со остар предмет му нанел повреда на неговиот син на возраст од 47 години.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.

Коментари

коментар(и)