ТВ Плус: До десетти октомври ќе трае снимањето на бесплатната промоција на кандидатите за советници

Телевизија Плус, како што беше најавено претходно, започна со снимање на интервјуата со кандидатите за советници во идниот Совет на општината.

Ги информираме кандидатите за советници дека најдоцна до 10 октомври 2021 година ( недела) планирано е да заврши снимањето на бесплатната 20-минутна промоција на ТВ Плус, бидејќи предвидено е емитувањето да започне следната седмица.

Како што најавивме деновиве, сите кандидати ќе одговорат на шест прашања по три минути, а последните две минути ќе можат да испратат порака до своите сограѓани во пресрет на локалните избори.

 

Коментари

коментар(и)