Театарот целосно ќе се реконструира

Кумановскиот театар целосно ќе се реконструира. До крајот на месецов, како што најави министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, треба да се изработи проектна програма врз основа на барањата на вработените во театарот, а во февруари да се објави тендер за избор на фирма која што ќе ја проектира комплетната обнова на институцијата.

-Проектот за реконструкција  ги опфаќа сите фази од електрика, машинство, сценска технологија на самата сцена со најсовремена технологија, реконструкција на салата каде што би се вклучиле во функција и балконите кои што постојат во самата сала, така што некаде од 270 седишта би можело да има и некое зголемување во гледалиштето во самите седишта, изјави Елизабета Канческа Милевска, министерка за култура.

„Реконструкцијата  ќе придонесе за подобрување на условите за работа во театарот, а министерството како и досега ќе продолжи да инвестира  во културата преку зголемена театарска продукција,  преку вработувања на потребен кадар со цел да се создаваат што поголем број добри претстави“,  потенцираше министерката Канческа Милевска.

– Видовме ние дека условите  за работа се неопходни , сега веќе можеме од една поголема дистанца да го видиме бенефитот од сите оние инвестиции и вложувања во делот и на многу други сектори во делот на театарот што сето тоа придонесе за  успеси и  резултати итн. Затоа сметавме дека од огромно значење ќе биде реализацијата на овој проект , изјави Канческа Милевска.

Министерката потсети дека  претходно биле  вработени актери, драматурзи, режисери и најави дека ќе продолжат да се движат по таа насока.

-Со овој чин се исполнува и професионалната и  личната желба, не само наша туку и на изминати генерации кои биле вработени тука, затоа што не поврзува иста идеја што ќе значи подобрување на условите за работа, но и ќе имаат подобар ефект кај гледачите кои секоја година се во се поголем број“-изјави Сашо Костовски, директор на Центар за култура и Театар

Целосната реконструкција на театарот кој што наредната година ќе  одбележи 70 -годишно постоење ќе заврши до крајот на 2019- та година.

Но, освен инвестициите во театарот,  министерката потсети дека се вложува и во центарот за култура „Трајко Прокопеив“. Голем дел од работите веќе се завршени, а реконструкција на покривот  е во завршна фаза.

Коментари

коментар(и)