Тезгите на пазарот полни- купувачи ни за лек

Иако продавачите имаат полни тезги со зеленчук и овошје, сосема е мал бројот на купувачи. Самите потврдуваат дека дел од раноградинарските производи кои што ги продаваат се скапи, но споредбено со цените во истиот период лани, краставиците, доматите и пиперките се продаваат по иста цена. Граѓаните периодов најмногу купуваат зелка, зелена салата и компир.

-15 денари парче пиперка , 150 пиперки, 120 краставици, марула 20, компир- кромид 20-30 денари,  немаат луѓето пари никој не купува, исти се цените но многу слабо се продава, изјави анкетиран продавач

-Скапа е цената , народот слабо купува, пари нема-мртва сезона, висока е цената, исто се се движи цената како и лани , парче 15 денари пиперка, 100 домати, рече друг продавач.

– 20 денари марула, 120 краставици, пиперки 140 денари, зелка 30, компир и зелка. По два килограми домати продавам дневно и по една  до две краставици , додава анкетиран продавач

Граѓаните коишто повеќе прашуваа за цените, отколку што купуваа нагласија дека цените се превисоки за куповната моќ на кумановци. Велат дека поради финансиската состојба мора да го ускратат правото од одредени намирници.

Дека годинашниве цени се речиси исти со ланските, може да се потврди ако ги земеме предвид просечните цени на зеленчукот на пазарите во 2015-та година. Лани просечната цена на краставицата била 108 денари за килограм, доматите  104 денари, пиперки 153 , спанаќ 55 денари, а зелената салата  лани се продавала по 20 денари за килограм.

Иако денеска е четврток, може да се каже дека на Зелениот пазар е сосема обичен ден во неделата.

 

Коментари

коментар(и)