Тенисери од ТК „Тумба“ на тренинг камп во Турција

Анастасија Арсовска и Алексеј Стојановски, членови на тенискиот клуб „Тумба“ од Куманово, кои се дел од најдобрите во Македонија во својата генерација ќе учествуваат како дел од македонската тениска федерација на развојниот шампионат до 14 години и тренинг камп до 12 години кој е во организација на ITF/Tennis Europe .

Тренинг кампот ќе се одржи во Анталија, Турција во периодот од 24 февруари до 7 март годинава.

Како што ни изјави тренерот на ТК „Тумба“, Далибор Димковски ова претставува голем успех и искуство за нашите млади тенисери и уште една потврда дека за резултати потребно е само квалитена и континуирана работа, но и услови каде ќе може да се реализира тренажниот процес и програма. Ова треба да биде поттик и за другите талентирани деца од нашиот клуб и град за уште понапорна и мотивирана работа и уживање во тенисот.

Коментари

коментар(и)