Терел Ален- нов кошаркар на КК Куманово

Терел Ален е нов кошаркар во КК Куманово. Од клубот информираат дека американецот, кој игра на позицијата бек, е висок 190 санитиметри.

Неговиот последен официјален настап бил во мај лани, за тимот на Фајнал Спор Бурса, во рамките на втората турска лига. Во просек имал 14.6 поени, 4.8 асистенции и 3.3 скокови.

Под знак прашалник е неговиот настап за викенд против екипата на МЗТ Скопје, но останува да видиме какви се способностите на нашите челници и дали конечно ќе добиеме квалитетен и стабилен играч кој ќе помогне да излеземе од ваквата катастрофална ситуација, се вели во соопштението.

Инаку од клубот си замина Душан Јузбашиќ.

Коментари

коментар(и)