Техничкото училиште „Наце Буѓони“ доби донација од Draexlmaier Куманово
ОСТУ „Наце Буѓони“, од партнер компанијата Draexlmaier Куманово во дуално образование доби донација – кримпинг машина за автоматско поставување на различни видови на терминали на кабли со голема брзина и голема прецизност. Машината ќе биде наменета за обука на ученици од дуалното образование како и за учениците од останатите профили, информираат од училиштето.
Инаку, од новата учебна година 2025/2026 стартува и нов профил во машинската струка – техничар за возила на алтернативен погон. Во новиот профил согласно конкурсот на МОН можат да се запишат 34 ученици во една паралелка, четиригодишно образование, со минимум 45 поени. Освен за овој профил, идните средношколци можат да се одлучат и за техничар за компјутерско управување, машинско – енергетски техничар и конструкциски механичар.
Вкупно во машинска струка во прва година можат да се запишат 204 ученици во шест паралелки на македонски и на албански наставен јазик.
Во сектор – електротехника и информатички технологии можат да се запишат вкупно 263 ученици, во 8 паралелки, во еден од четирите профили: електротехничар – енергетичар, електротехничар за компјутерска техника , електромеханичар и техничар за индустриска мехатроника *во соработка со компании
Во сектор здравство и социјална заштита – вкупно 170 ученици во 5 паралелки , со минимум 70 поени во профилот медицинска сестра.
Инаку, на прославата на матурската вечер беа прогласени првенци на струки и првенец на генерација на ОСТУ „Наце Буѓони“ 2021/2025.
Првенец на машинска струка е Лука Крумевски, на електротехничка струка – Лука Стојановиќ, на здравствена струка – Матеја Трајковиќ, а првенец на генерација на ОСТУ „Наце Буѓoни“ е Меланија Додевска.