Со палење на бадниковиот оган, жителите на населбата Карпош денеска напладне организирано го прославија Бадник, предвесник на Христовото раѓање.
Во присуство на голем број граѓани, богатата бадникова трпеза беше осветена од свештени лица од Кумановско-осоговската епархија, се делеше и лепче со паричка, се избра кум на прославата за наредната година, се пееше, играше…
Организаторот, кабелската телевизија Мултимедиа традиционално и годинава додели вредни награди на кумановци кои што учествуваа во наградната игра. Условот да бидеш потенцијален добитник на една од наградите е да бидат подмирени сметките за кабелската телевизија за претходната година, заклучно со декември месец.
Мултимедиа и годинава ги израдува дечињата на вработените со новогодишни пакетчиња кои традиционално им ги додели Дедо Мраз.