Трибина „Дигитализација на јавните услуги“

„Дигитализација на јавните услуги“ беше тема на денешната јавна трибина  во организација на министерството за информатичко општество и администрација што се одржа во Занаетчискиот дом во Куманово. На третата од серијата јавни трибини се зборуваше  за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализирање на јавната администрација. Посебен фокус беше ставен на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес.

За дигитализацијата на земјата говореше  министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој најави дека наскоро во Куманово ќе биде отворена сала за една точка за услуги.   

 -Многу ни е важно да имаме тука соработка со локалната самуправа и со општините затоа што ова претставува можност и за нив без програмирање, без вложување во дополнителни ИТ, човечки  и технички ресурси и тие да можат да даваат услуги. Ќе објасниме како граѓаните да добиваат полесно електронски услуги, но и институциите како можат полесно да нудат е- услуги. Имаме добра соработка со Општина Куманово во тој контекс, изјави  Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација

Според градоначалникот Максим Димитриевски на овој начин ќе се олесни целата постапка на граѓаните и комуникцијата со надлежните државни органи и надлежните институции на локално ниво .

На трибината за дигитализацијата говореше и Марија Крстевска, проектен координатор во Центарот за интеркултурен дијалог.

Коментари

коментар(и)