Триумфален крај за КК Куманово 2009 во првата фаза на БИБЛ (видео)

Македонскиот прволигаш Куманово со победа над Берое од 93-80 ја заврши првата фаза од годинашното издание во БИБЛ лигата. Дури тројца играчи на Куманово постигнаа над 20 поени.

Кумановци како и ТФТ во петок ќе ги дознаат противниците за втората фаза.

Двата македонски претставници Куманово и ТФТ обезбедија пласман во втората фаза во која покрај нив ќе учествуваат и Академик-Пловдив и Берое-Стара Загора од Бугарија, односно Хапоел Холон и Хапоел Гилбоа Галил од Израел.

 

Коментари

коментар(и)