Три помали интервенции имале пожарникарите од Територијалната единица Куманово во текот на изминатото деноноќие. Запалена сува трева била гасната во селото Брзак, а на опожарен смет и отпад пожарникарите интервенирале во два одделни случаи на улицата „Доне Божинов“.