Тројца новозаболени и двајца оздравени кумановци

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа регистрирани се 21  нови случаи на ковид-19: Тетово – 11, Скопје и Куманово – по 3, Струга -2, Гостивар и Штип – по 1.

Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Скопје и Куманово – по 2, Битола, Тетово и Кичево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 914. 381 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 823, бројката на оздравени пациенти е 150 139, на починати е 5487, а бројот на активни случаи изнесува 197.

Во Куманово вкупната бројка на досега дијагностицирани изнесува 8887, а  бројот на активни случаи во моментов – 12.

Коментари

коментар(и)