Убедлива победа на ЖРК Куманово над Пелистер

Ракометарките на Куманово впишаа убедлива победа против составот на Пелистер откако вчера на домашен терен имаа резултат од 41:25. Уште во првото полувреме беше видлива решеноста на избраничките на Драгана Ристова да го добијат натпеварот, а тоа го покажа и резултатот од 20:14. Во второто полувреме кумановки влегоа порелаксирани и создадоа уште поголема разлика над противникот за конечна победа со 16 голови разлика. Неприкосновена игра за Куманово прикажа Бразилката Алмеида Коста Андреза која забележа 15 погодоци. Со седум погодоци одлично издание имаше и Пена Граматова, а еден бод помалку впиша Сара Цветановска. Кумановки веќе во понеделник играат нов дерби натревар против составот на ЖРК Вардар.