Украдени предмети од магацин на „Македонски железници“ во Липково

Украдени се повеќе предмети од објект на „Македонски железници“ во липковското село Опае, соопшти полицијата.

Според СВР Куманово, на 05.09.2024 во 16.05 часот било пријавено дека со употреба на сила било влезено во објект на ЈП „Македонски железници-Инфраструктура“, лоциран на железнички премин во селото Опае, општина Липково и биле одземени повеќе предмети.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Коментари

коментар(и)