Уметниците да се пријават за изложбата „Самоуки“

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ги повика неакадемските уметници да учествуваат со три дела по свој избор на традиционалната изложба „Самоуки“.

Селекцијата на сите пристигнати дела ќе направи стручна комисија при Центарот и ќе ги извести учесниците за примените дела. Рокот за пријавување трае до 31 мај, годинава.

Изложбата во Куманово се организира од 1991 година. По паузата во периодот од 2012 до 2017 година традиционалната ликовна манифестација „Самоуки“ повторно последниве години се најде пред љубителите на визуелните уметности.

Традиционалната изложба „Самоуки 2022“ е дел од годишната програма за изложби на националната установа. Изложбата ќе биде отворена во јуни, годинава.

Коментари

коментар(и)