Унгарскиот амбасадор во посета на општината

Во посета на општина Куманово денеска беше амбасадорот на Унгарија, Ласло Дукс. Со градоначалникот Зоран Дамјановски покрај за економијата , за политичката криза во државата, разговарале и за статусот на градоначалниците.

-Во последниве три години Унгарија има рапиден раст во однос на стоковата размена со Македонија,така што разговорот одел во насока на продлабочување на економската соработка . Главната тема беше што е Куманово,каква е судбината на локалните проблеми, менаџирањето со општината,мандатите на градоначалниците,политичката криза,видувањата во разрешницат -изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Амбасадорот Дукс ,како што вели Дамајновски бил заинтересиран за прашањата околу  челичната  индустрија, земјоделство,производство на храна.

-Како што рече градоначалникот, фокус беше економската соработка со тоа што географски Куманово е најблиску до границата,се надеваме дека ќе ја прошириме соработката во иднина.Затоа ме придружуваше и економскиот аташе,и се надеваме дека во блиска иднина практично ќе се реализира таа соработка“-изјави  Ласло Дукс, амбасадор на Унгарија во РМ

Како што информираа надлежните ова е прва официјална посета на Куманово од страна на амбасадорот на Унгарија Ласло Дукс.

Коментари

коментар(и)