Во просториите на СВР Куманово денеска се одржа редовна крводарителска акција, трета во тековната година која ја организира СВР Куманово во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од скопје и општинската организација на Црвениот крст.
Во акцијата се вклучија 60-тина вработени од кумановската полиција кои уште еднаш ја покажаа својата хуманост.
-Редовен крводарител сум, досега 11 пати сум дарувал крв, мојата порака е помасовно да се дава крв за да се спаси нечиј живот, тоа е хумана работа, изјави крводарител, вработен во СВР Куманово
Дел од крводарителите од полицијата се повеќекратни дарители. Оваа година се вклучија и помладите припадници на полицијата.
– Досега одлично тече крводарителската акција собрани се 61 крвна единица планот е реализиран, се очекува дека уште ќе дојдат со што планираната бројка ќе биде надмината, изјави д-р Анита Божинова Петковска, Институт за трансфузиона медицина Скопје
СВР Куманово традиционално организира три крводрителски акции годишно, во февруари, јуни и октомври. Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина Скопје.