Успешна учебна година за „ Вук Караџиќ“

Уште една успешна наставна учебна година за основното училиште „Вук Караџиќ“. Многу освоени награди на општински, регионални , државни натпревари, учество на бројни манифестации во градот  од учениците на „Вук Караџиќ“. Директорката Надица Петровска е задоволна од постигнатите резултати на учениците, но и наставниците кои што работат со децата.

-Слободно можам да кажам дека сум задоволна со успехот на учениците во оваа учебна година, она што претставува вложување, високи стандарди, овозможување на услови за да учениците го постигнат максимумот во однос на своите способности и можности сметам дека тоа го постигнавме, учениците постигнаа високи академски резултати на сите полиња, во наставата, воннаставните активности, имавме една успешна учебна година, изјави Надица Петровска, директор на ООУ „Вук Караџиќ“

Освен со квалитетен наставен кадар и ученици, училиштето може да се пофали и со солидни услови за следење настава, со одлична техничка опременост.

-Еден од пообемните инфраструктурни проекти беше донацијата на Јапонска амбасада минатата година така што во ноември го завршивме тоа, беше реконструиран комплетно покривот на училиштето со громобранска инсталација и прозорците на горните катови.Она што друго успеавме да ги направиме ситни поправки во училиштето, набавка на наставни и нагледни средства, имавме еден мал грант од МОН за реализација на програмата за мултиетничка интеграција во образованието, изјави Надица Петровска, директор

Директорката Петровска, апелираше да се почитува реонизацијата при запишување на децата во прво одделение.

-Мојот апел е дека училиштето ги поседува сите просторни, кадровски и други ресурси во смисла на опрема, материјали, учебници, прирачници, учествува во голем број на проекти, натпревари од општинско до државно ниво, разни конкурси, литературни, ликовни, итн. на сите манифестации што се организираат во општината. Наставниот кадар се одликува со голема стручност, мотивираност во својата работа и немаат причина да ги запишуваат децата во други училишта, во други реони, затоа што овде има доволно простор. Бројот на ученици дозволува да се работи индивидуално со секој ученик и да извлече максимум од нив. Нема потреба од запишување на децата некаде каде што има 35 деца  во паралелка, изјави Петровска.

Што се однесува до целодневниот престој за учениците, надлежните посочуваат дека доколку постои интерес од родителите за таа услуга , има просторни услови во кои што може да се организира целодневниот престој на децата. Минатата година немаше бидејќи немало интерес од родителите.

Коментари

коментар(и)