Успешно спроведена обука за млади претприемачи-жени

СООПШТЕНИЕ за спроведената  5-дневна обука за градење на капацитетите и зајакнување на млади жени – социјални претприемачи и Платформата  www.femterprise.com  со  повик  за регистрација

Онлајн платформа го  промовира претприемништвото меѓу дамите од прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија

Во месец јуни 2017г. во рамките на проектот “FEMTERPRISE – Поттикнување на создавање на социјални претпријатија преку зајакнување на претприемачкиот потенцијал на младите жени” ко-финансиран од Европската унија преку Програмата Интерег-ИПА за прекугранична соработка България- Македонија беше основана прекугранична мрежа на жените-претприемачи “FEMTERPRISE” . Главната цел на FEMTERPRISE е да се подобрат условите за бизнис развој во прекуграничниот регион преку примена на иновативен неформален пристап кон зајакнување на претприемачкиот капацитет на жени-претприемачи на возраст 18-29 години и стимулирање на создавањето на социјални претпријатија. Вкупниот буџет на проектот е 110 217.35 евра, од кои 93 684.73 евра се придонес на ЕУ преку фондовите на ИПА, 9 559.87 евра се национално кофинансирање на Република Бугарија и 6 972.75 евра се национално кофинансирање на Република Македонија. Рокот за исполнување на проектот е 15 месеци.

Меѓу 12 и 16 јуни 2017г. како дел од активностите на проектот беше спроведена 5-дневно обука за градење на капацитетите и зајакнување на млади жени – социјални претприемачи. Во обуката учествуваа 30 млади дами претприемачки потенцијал од Бугарија и Македонија. Преку практични насочени обуки беше изграден претприемачки и лидерски капацитет на учесничките, и беа положени основите на FEMTERPRISE мрежата на жените претприемачи. Во рамките на обуката беше презентирана и платформата www.femterprise.com.

Платформата www.femterprise.com претставува онлајн изразот на создадената FEMTERPRISE Мрежа на жените – претприемачи. Платформата цели да ги имплементира и поврзува жени – претприемачи со ментори и инвеститори преку создавање на онлајн заедница која е безбедна и поддржувачка. Платформата ќе служи и како алатка за подигнување на свеста и промовирање на претприемничка култура и социјалното претприемништво, што им овозможува на корисниците да креираат профили, да воспоставуваат партнерства, да разменат деловни идеи, да споделат знаења и да поттикнуваат создавањето на социјални претпријатија, предводени од жени .Дознај повеќе за мрежата FEMTERPRISE и направете својата регистрација на www.femterprise.com.

Асоцијација на жени претприемачи УНИКУМ-кос и тимот на                                 ФЕМТЕРПРИСЕ

 

Коментари

коментар(и)