Јавниот повик за субвенционирање на високоефикасни инвертер клима уреди, кој започна на 10.02.2025 година, поради исцрпени финансиски средства, завршува утрe, 18.02.2025 (вторник), информираат од општина Куманово.
Како што пишува во известувањето, сите заинтересирани граѓани за субвенции за клима ќе можат да поднесуваат барања уште денеска и утре.
Во случај да има предвидено дополнителни нови средства за субвенционирање, граѓаните навремено ќе бидат известени. Потребните документи за аплицирање на веќе постоечкиот јавен повик, може да се превземат од општинскиот веб сајт или од архивата на општина Куманово.