Утре и задутре во кумановскиот театар се игра „Трнорушка“

Во режија на Бојана Краљевска, утре и задутре во кумановскиот театар ќе се игра претставата за деца „Трнорушка“.

„Претставите започнуваат во 18 часот, а за време на изведбите ќе бидат запазени сите здравствени протоколи кои важат во моментов. Ја замолуваме публиката да пристигне дваесеттина минути пред почетокот, за да немаме голем број на луѓе во исто време, на исто место. Се заблагодаруваме на публиката и почестени сме што кумановци сакаат театар, – изјави Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Во претставата играат: Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Владанка Димковска, Нина Максимова, Жарко Јовановиќ и Давид Илиќ. Сценографијате е на Крсто Богојевски, изборот на костими го направи Нина Максимова, кореографијата е на Сања Русеска, а драматург и музички илустратор е Зоран Зафировски.

Кумановци се желни за културни настани, а тоа го покажува и огромниот интерес за Трнорушка. Затоа, репризни изданија на претставата се предвидени за 5ти и 9ти Февруари во истиот термин. Очекуваме и уште многу нови театарски изведби.

Коментари

коментар(и)