Утре ќе се одржи редовна седница на Советот на Општина Куманово, за која се предвидени 31 точка на дневниот ред.
Пред советниците ќе се најдат предлог- одлуки за давање согласност за Годишните планови за вработување во неколку училишта, Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Североисточен плански регион 2021 – 2026, за 2025 година, со Извештај за финансиското работење на Центарот за развој на Североисточен плански регион за 2025 година, како и Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлука за основање на Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе. Ќе биде предложена и исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2026 година.
Седницата започнува во 10 часот со директен пренос на програмата на ТВ Плус.