Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 32 точки, а советниците ќе расправаат за финансиското работење на јавните претпријатија „Куманово план“, „Куманово гас“ и библиотеката „Тане Георгиевски“, за годишни планови за вработување во основните училишта, за предлог – програма за енергетска ефикасност на општина Куманово 2025 – 2027 година, за комунален ред, за предлог – одлуката за утврдување на режим на сообраќај на дел од ул. „Моша Пијаде“ во Куманово, предлог – одлука за утврдување на работно време на ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ Куманово, како и квартален извештај за извршување на буџетот на општина Куманово за I квартал од 2025 година.
Седницата е со директен пренос на програмата на ТВ Плус, со почеток во 10 часот.