Верниците што се водат според Јулијанскиот календар вечерва ја одбележуваат православната Нова година, или позната меѓу народот акко Стара Нова година која започнува утре, на празникот Василица.
Празникот се поврзува со чествувањето на Свети Василиј Велики, личност од црквата на чиј ден во Македонија има многу традиционални обичаи што се практикуваат, од карневали до василичарски огнови. Празник што се одбележува на разни начини, во зависност од традициите во разни региони во државата.
Во македонската народна традиција, Василица се смета за симбол на нов почеток, среќа и благосостојба. Во домовите се подготвува свечена трпеза, а централно место има василичарската погача или пита со паричка. Според верувањето, оној што ќе ја пронајде паричката ќе има здравје, напредок и среќа во текот на целата година.
Во кумановскиот регион лепче со паричка се дели на Бадник.