Утре се празнува Голема Богородица, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Утре е голем верски празник за православните христијани. Утре се слави Успението на Пресвета Богородица или како што народот го нарекува празникот, Голема Богородица.

Традиционално на овој ден, кој се слави во цела Македонија, во многу места низ земјава има големи собири на кои народот и верниците ја слават Пресвета Богородица.

Во Куманово поголеми собири во чест на празникот има во населбата Карпош и во селото Младо Нагоричане.

28 август, Успение на Пресвета Богородица е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.