Утре ќе се одржи манифестацијата „Шопска свадба“

Низ улиците на Кратово и селото Куклица викендов ќе се одржи манифестацијата Шопска свадба, која што ја организира кумановското здружение Етно ризница. Целта на манифестацијата е зачувување на обичаите и традицијата од североистокот. Организаторите се надеваат дека и второто издание на Шопска свадба ќе предизвика интерес кај граѓаните.

-Утре со почеток во 14 часот ќе започнат свадбените активности низ улиците на Кратово ќе има венчавање на млади, кое е закажано за 16 часот. Ќе биде во црквата Свети Јован во Кратово, истото ќе го одржи митрополитот кумановско осоговски Јосиф. Потоа вечерта во 19 часот ќе организираме отворање на една изложба инспирирана од односите на свекрва од невестинското поклонение-изјави претседателот на здружението Драган Митевски.

Активностите во сабота ќе се заокружат со концертот на ансамблот Македонија, кој ќе се одржи во Центарот за култура во Кратово. Во недела во 11 часот ќе започне главната манифестација која ќе се одржи на локалитетот Камени кукли во село Куклица. Истата ќе започне со пригодна културно уметничка програма.

-Ќе имаат гледачите можност да видат една Шопска свадба од почеток до крај во 45 минути со навистина професионалци од ансамблот Македонија. Ќе имаме гости наши пријатели од  Институтот за фолклор, Музејот на Македонија ќе настапат пејачи кои ги донесоа песните на првото ЦД на Етно ризница, изворните народни песни од североисточниот регион ќе има многу забава-истакна тој.

Организаторите ги повикаа гледачите на ТВ Плус со своето присуство да ја збогатат оваа манифестација, за која се надеваат дека ќе прерасне во препознатлив културен бренд.

 

 

Коментари

коментар(и)