Општина Куманово ги поканува сите јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица, кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално – хуманитарна дејност на територија на Општина Куманово, на работен состанок по повод претстојниот Јавен повик за прибирање предлог – проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2026 година.
Состанокот ќе се одржи утре, во Занаетчиски дом во 12 часот, информираат од Секторот за култура и спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.
Утре ќе се одржи работна средба за Јавниот повик за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2026 година
