Утре ќе се одржи шеснаесетта седница на Советот
Во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации Комитет, утре ќе се одржи шеснаесетата седница на Советот на Општина Куманово.
На дневен ред ќе се најдат програми за работа на ЈП Пазаришта и Куманово Паркинг за идната година, програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово на лица со посебни потреби за 2023 година; предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ .
Советниците ќе ја разгледаат информацијата во врска со барањето на Месна заедница на село Романовце за преземање на водоводниот систем на село Романовце од страна на ЈП „Водовод“ – Куманово, предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2023 година на ООУ „Вук Караџиќ”, извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово и предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општината.
Потоа ќе следи и предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на државата на подрачјето на општината, програма за работа на ЈП „Куманово – план“, како и предлог – Решение за давање согласност на Ценовникот за изменување и дополнување на услуги.
На дневен ред ќе се најде и годишната програма на Фондацијата за култура и спорт за наредната година, предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести, предлог – Програма за субвенционирање на здруженија и фондации од Општина Куманово за бесплатен градски и меѓуградски превоз за 2023 година, предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за основно и средно образование, како и предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен за учениците од основните и средните училишта, но и предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари (електронски уреди – таблети) – сопственост на Општина Куманово на 16 општински основни училишта.
Советниците ќе разгледаат и предлог – План на програми за развој, предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура, предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици, предлог – Програма на активности од областа на заштитата на животната средина и природата, предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа, план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за општина Куманово за период 2022 – 2026, предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на Јавно претпријатие „Водовод“ и Чистота и Зеленило.
На дневен ред ќе биде и предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош.
Седницата која ќе почне во 10 часот, можете да ја следите во живо на ТВ Плус.