Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети објектот „Пчелка“ на јавната детска установа „Ангел Шајче“, во Куманово и донираше инклузивни сликовници со брајово писмо за децата со оштетен вид. Сликовниците се издадени од Здружението на граѓани „Свет на Различни а Еднакви“. Министерката ја истакна важноста на инклузивните материјали во предучилишното згрижување на децата. Таа нагласи дека заложбите на Министерството за труд и социјална политика за овозможување на пристап за секое дете во градинките се големи. Инклузивната средина, можноста секое дете да има пристап до едукативни материјали го поддржува развојот на детето и неговата полесна интеграција во социјалната средина.