Учениците да не носат маски, препорача Комисијата за заразни болести

Учениците во основните училишта да се ослободат од обврската да носат маски на училиште за заштита од ковид-19, но тоа да не важи за наставниците и техничкиот персонал, препорача денеска Комисијата за заразни болести. Претседателот д-р Александар Петличковски рече дека оваа препорака нема да биде задолжителна и ако некое од децата сака, може да продолжи да носи маска.

Исто така, донесена е препорака за зголемување на капацитетот на исполнетост во затворените објекти како опери, театри, кина и друго  од 50 на 70 проценти. А третата препорака е укинување на сертификатите за вакцинација или прележан коронавирус за посета на угостителски објекти на отворено.

Препораките ќе бидат доставени до Главниот кризен штаб и од таму на Влада, за да бидат донесени во најкус можен рок.

Коментари

коментар(и)