Започна второто полугодие на учебната 2025/2026 година на територијата на целата држава.
Од Секторот за образование утрово информираа дека наставата е отпочната во сите основни и средни училишта на територијата на општина Куманово навремено, без никакви проблеми.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска преку објава на Фејсбук им упати честитка и порака за успех на учениците, наставниците и стручните служби.
„Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на учењето и наставата. Знаењето се гради со труд, упорност и меѓусебна поддршка“, порача Јаневска.