(ВИДЕО)Ученици и наставници од ООУ „Браќа Миладиновци“ преку Еразмус проект во Италија

Група ученици и професори од основното училиште „Браќа Миладиновци“ заедно со врсници и професори од повеќе европски држави преку проектот на Еразмус „Everybody has a story“ престојуваат во училиште во Салеми, Италија, информираа денеска надлежните. Во проектот учествуват пет основни училишта од Романија, Унгарија, Италија и Турција кои заедно со кумановските ученици се вклучени во сите активности организирани од училиштето домаќин.

– Во мобилноста учествува тим од нашето училиште и покрај проблемите предизвикани од пандемијата, ова патување сепак успеа да се реализира во согласност со сите протоколи. Освен што имаме можност да уживаме во природните убавини на Сицилија и одблизу да се запознаеме со нејзината култура и традиција, исто така правиме размена на добри практики, се запознаваме со различни образовни системи и споделуваме искуства. Учениците дискутираат и соработуваат со свои врсници од тимовите на земјите партнери. Учествуваат во читања, претстави и игри-изјави еден од координаторите на проектот, Ана Гиевска.

Целта на проектот е да се поттикне читањето од најрана возраст, да се дискутира за користа од редовно читање како што се – збогатување на речникот, намалување на стресот, подобрување на меморија, стекнување на нови знаења, да се претставуваат народните приказни од земјите учесници и да се откриваат нивните поуки.

-Програмата на ERASMUS навистина нуди извонредна можност на учениците да учествуваат во проекти кои овозможуваат стекнување на нови знаења и искуства на еден несекојдневен и забавен начин. Чест ни е што сме дел од сето тоа и што нашето училиште ООУ „Браќа Миладиновци“, го афирмираме и претставуваме во најдобро светло- изјави професорката Гиевска.

 

Коментари

коментар(и)