Ученици од „Браќа Миладиновци“ во Полска
Група професори и ученици од кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Полска заедно со врсници од Португалија и Италија и земјата домаќин ја реализираат третата мобилност во рамките на проектот ERASMUS +проектот „Get Ready 4 Future“.
Целта на проект е воведување на нови технологии во образовна понуда во европски училишта, експериментирање и меѓународна соработка како и споделување на добри практики во иновативно учење. Поголема употреба на роботика, кодирање и дигитални вештини како значајни дидактички методи во мотивирање на учениците.
Проектот трае веќе две години и во овој период како што појаснија од македонското училиште биле разменети значајни искуства и знаења помеѓу партнерите. Учениците и професорите во рамки на проектот ги спроведуваат активностите преку презентации, бројни работилници, дебати на тема роботика, квизови и игри. Училиштето „Браќа Миладиновци“ реализира повеќе европски проекти со цел, учениците да се стекнат со современи, нови методи и процеси на едукација, но и да и ги прошират пријателствата со врсници од европски држави