Ученици од „Сами Фрашери“ бараат настава со физичко присуство
Стотина средношколци од училиштето „Сами Фрашери“ денеска излегоа на мирен протест, од кој побараа Министерството за образование и наука да им дозволи настава со физичко присуство. Велат кога можат да работат угостителските објекти, нека се отворат и училиштата. Учениците најавија протести и за наредните денови.

-Се собравме бидејќи не се согласуваме да учиме онлајн, немаат сите средства за да се приклучат преку далечинско учење. И наредните денови ќе протестираме доколку не не слушне министерството и не донесе нова одлука. Сите сме за физичко присуство во училиштето, сите ресторани, кафулиња се отворени само училиштата ги затвораат. Дали коронавирусот се пренесува само во училиштата, а не и во угостителските објекти. Бараме од министеството за образование и наука да ни овозможи физичко присуство во училиштето- истакна Маригона Сопи, средношколка „Сами Фрашери“ Куманово.

Од училиштето пак тврдат дека наставата почнала онлајн бидејќи така и побарале. Од таму укажаа и дека станува збор за помала група ученици, кои не се само од Сами Фрашери.
