Фестивал „Урбан начин на живеење како културно наследство”

Фестивалот „Урбан начин на живеење како културно наследство” утре со почеток од 20 часот ќе се одржи на градскиот плоштад, а по повод свеченото отворање на реновираните простории на поранешен хотел „Солун”.

На фестивалот ќе учествуваат повеќе изведувачи: Radiostage, 1300 Records, Нино Величковски Маргица Антевска, Сандра Милковска и Младински оркестар при центарот за култура.

Проектот „Заедничка историја и култура – Мост помеѓу границите” е финансиран од ЕУ во рамки на ИПА 2 програма за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, како водечки партнер Општина Куманово и партнер Општина Дупница.

Коментари

коментар(и)