Двајца повозрасни кумановци викендов физички се пресметувале, информира СВР Куманово.
Како што соопштија надлежните, на петти октомври годинава, во СВР Куманово 43-годишен кумановец пријавил дека дошло до физичка пресметка помеѓу неговиот 73-годишен татко и неговиот чичко на возраст од 76 години, при што чичкото се здобил со повреди.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.