Фондацијата за култура и спорт со забава за матурантите

Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово ќе организира забава за матурантите од градот утревечер со почеток во 21 часот во летниот клуб „Спејс“.

Матурантите ќе добијат по еден гратис пијалок од општината.

– При влез во дискотеката потребно е да приложите легитимација со која ќе потврдите дека сте матурант/ка, со цел да добиете ваучер за гратис пијачка, стои во соопштението на Фондацијата.

Настанот е под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)