Хуманитарното здружение „Срце 2025“ од село Старо Нагоричане по повод божиќните празници деновиве реализираше хуманитарна акција во соработка со општествено – одговорна компанија од Куманово. Пакети со основни прехранбени продукти беа доделени на повеќе семејства во социјален ризик.
Претходно, здружението со помош на хуманите луѓе донираше машина за перење алишта на семејство во село Младо Нагоричане.
„Х.З. СРЦЕ 2025 и во иднина ќе продолжи со хуманитарни акции. Сите заслужуваат подобри услови за живот, посебно децата. Ги повикуваме сите хумани луѓе и општествено одговорни компании да ни се приклучат во нашите следни акции со своите донации“, посочуваат од здружението.