Општинската организација на Црвен Крст Куманово спроведе превентивна активност за подигање на јавната свест за заштита и превенција од пожари во текот на летниот период.
Во рамките на активноста, волонтерите на Црвен крст Куманово вчера на градскиот плоштад во Куманово, како и на територијата на Општина Старо Нагоричане, разговараа со граѓаните и дистрибуираа едукативно-информативни флаери со препораки за одговорно однесување и превенција од пожари.
„До граѓаните беше упатен апел да бидат внимателни при престој во природа, да не палат стрништа и отпад на отворен простор, да не фрлаат отпушоци од цигари и да ги почитуваат мерките за заштита од пожари, особено во услови на високи температури.Со ваквите превентивни активности, Црвен крст Куманово продолжува да придонесува кон подигање на јавната свест, унапредување на безбедноста и поттикнување на одговорно однесување и заштита на природата“, пишува во објавата на Црвен крст Куманово.