Црвен крст Куманово утре ќе организира крводарителска акција

Општинската организација на Црвениот крст од Куманово утре ќе организира крводарителска акција во своите простории во периодот од 09 до 15 часот.

Организацијата ги повикува граѓаните на Куманово и околината да се приклучат и со своето учество да дадат придонес за заедницата и за оние на кои им е најпотребна помош.